Адвокатот Антонио Апостолски смета пак дека без сослушување на обвинетиот за мерката одредување мерка притвор, не е дозволиво да му се одреди таква мерка.

Објавил: Едмонд Бекири | 21 ноември, 2018 21:52

Две сметки со 11 милиони евра и опасност од бегство причина за притворот на Мијалков

Фото/Текст извор: ©онлине/ ТВ24 / магазин

Еден од најбогатите  луѓе во Македонија и поранешен  директор на УБК Сашо Мијалков, кој од вчера вечер наводно е зад решетки поради опасност од бегство, денеска не се појави на обвинителската  клупа во случајот Таргет-Тврдина. Ценетата судијка, Џенета Бегтовиќ, немала време да испрати наредба до истражниот затвор Шутка , за Сашо Мијалков  да може навреме да биде спроведен во судница.

 Со оглед дека на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка притвор и тој е примен вчера во 19.55 часот, а поради краткиот временски период, судот нема издадено навреме наредба за спровод за обвинетиот за денешната главна расправа, таа се презакажува за 4 декември“ – изјави Џенета Бектовиќ.

Одбраната  веднаш најави жалба,

Адвокатот Антонио Апостолски смета пак  дека без сослушување на обвинетиот за мерката одредување мерка притвор, не е дозволиво да му се одреди таква мерка.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дојде на рочиштето за „Таргет-тврдина“, но на прашањето за притворот на Мијалков рече дека нема што да коментира за нешто во кое претходно не е запознаена.

 Не би коментирала зошто немам доволно информации.“ – вели Гордана Јанкулоска-поранешна министерка за внатрешни работи.

Според телевизија ТВ24 којашто важи за провладина наводно Мијалков завршил во притвор поради опасност од бегство. Извори од судот пак велат дека во решенето за притвор се наведува опасност од бeгство а во прилог на тоа биле наведени две причини – постоечки сметки поврзани со осомничениот, во износ од 11 милиони евра и трансакции направени во изминатиот период а поврзани со можна продажба на имот во Македонија.

Не е јасно дали тие сметки требало да бидат платени од страна на Сашо Мијалков или пак тие пари требало да легнат на негово конто. Оттука нејасно е ако требало да плати пари зошто да бега, а ако пак имало трансакции од минатото на конто во Македонија исто така се поставува прашањето зошто би се дал во бегство, Познато е дека од Македонија многу тешко може да поминат толкави суми пари надвор од Земјата а без притоа да не се направи аларм од финансиските контроли. Што не оди овде, во прилог на Информацијата?

Наводно, во процедурата за обезбедување на аргументи а приложени во барањето за притвор, СЈО добило и документ од финансиско разузнавање но не се наведува каков Документ? Од Специјалното јавно обвинителство пак,  појаснуваат дека по притворот за случајот „Таргет-Тврдина“, сега не може и нема да се бара нов 30 дневен притвор за друг случај – се додека не заврши сегашниот.

District е омиленото место на Сашо Мијалков каде што се шпекулира дека и бил уапсен, но тука е скоро невозможно да се направи такво нешто а да не биде забележано од присутните

ТВ24 исто така наведува дека наводно според нивни извори директно од затворот Шутка, Сашо Мијалков се наоѓал во притворското одделение во Шутка и немал привилегиран третман, како што е тоа случај со Орце Камчев, кој е сместен во т.н. хашки ќелии поради висок холестерол.

Вчера вечер на само два до три часа после статусот на Никола Груевски, одеднаш одекна веста, дека спектакуларно е уапсен Сашо Мијалков кој инаку има свои апартмани на кат 8 со поглед кон споменикот Александар Македонски. Она што во целата оваа приказна е симптомично :

  1. Сашо Мијалков е уапсен само после неколку часа од појавувањето на статусот на Никола Груевски кој објави  дека добил Азил во Европската Унија  и кој го образложи своето бегство со фактот дека е прогонувам од Власта и дека според неговите сознанија му се спремала ликвидација во затворот Шутка.
  2. Сашо Мијалков не одеше никаде без нај малце 4 телохранители а по некогаш ги имаше и по 8, оттука се поставува прашањето, дали сега Мијалков се чувствува побезбеден во Шутка  без никакви телохранители, каде што не првпат имало убиства кои никогаш не се расветлени помеѓу затворениците, а најново беше случајот со сведокот Крпач кој беше пронајден мртов во својата ќелија?
  3. Според Медиумите екс директорот на УБК бил уапсен за само 60 секунди, се отвора прашањето каде се наоѓал тој во моментот? Познато е дека Сашо милува да седи во десното ќоше во неговиот бар Дистрикт, до него може да се дојде пешки или низ хотелот што во никој случај навечер кон 18:30 минути тоа би останало незабележано.
  4. Апсењето на Сашо Мијалков досега не може да го потврди ниту еден очевидец, а тој што бил во Мериот знае дека таму е секогаш полно со гости, и апсење со лисици на рацете не може да не е регистрирано а од друга страна поради имиџот управата од Мериот кој е светски бренд, нема никогаш да  дозволи да се прави спектакуларно апсење во нивниот Хотел.
  5. Зошто овој пат Спасовски не ги повика медиумите да го бараат заедно Сашо Мијалков низ Мериот, сите ќе се согласат дека многумина според социјалните мрежи го посакуваа тој момент, но власта тоа го направи за само 60 секунди без Медиуми, за после да објават дека тој е спроведен во Шутка.

Според ТВ24 пак, Мијалков беше уапсен во попладневните часови во хотелот Мериот, а очевидци, вчера, после некаде 18 и 30 часот забележале зголемено полициско обезбедување пред хотелот, но тоа не го привлекло нивното внимание, велат тие, бидејќи пред објектот секојдневно има засилено полициско обезбедување поради делегации кои доаѓаат.?

Мијалков е третиот приведен функционер од ВМРО-ДПМНЕ  по бегството на експремиерот Никола Груевски. Претходно, приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески од иста причина, имале во план да бегаат!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.