Министерот Филипче најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 15:32

Две странски компании во трката за изградба на новиот клинички центар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервју за порталот „Фактор“ изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании, германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг конструксион“ (Bouygues construction).

Венко Филипче во интервју за порталот „Фактор“ изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании, германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг конструксион“ (Bouygues construction).

Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Вамед и француската „Буиг конструксион“ коишто сега влегуваат во фаза на дијалог. Не е започнат затоа што уште трае рокот за жалби од претходната фаза. Засега нема жалба и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира. Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче за Фактор истакна со зголемувањето на сумата на капитациониот бод за 15% на општите лекари, стоматолози и гинеколози е делот од крупната реформа која се прави на примарната здравствена заштита.

Сметам дека сега односно со зголемувањето на сумата која ќе ја добиваат матичните лекари за секој пациент ќе бидат стимулирани да извршуваат контролни превентивни прегледи со цел рано откривање болести. Второ, но не помалку значајно е што со зголемувањето на бројот на услуги кои пациентите ќе ги добиваат кај матичните доктори тие ќе се задржуваат подолго време во примарното здравство, па ќе се намали гужвата во болниците. Значи, за разлика од досега, кога пациентите се праќаа за мамографија на пример и за тоа се наплаќаше од Фондот, сега бараме прегледот да биде навистина извршен за да се евидентира како завршена обврска и тогаш да биде наплатен. Така ќе бидеме сигурни дека групата пациенти кај матичниот лекар согласно ризичната група, возрасната група ќе биде повикана на преглед“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...