Во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот В.М. од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 11:50

Две страшни несреќи во Македонија,има мртви и повредени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Маж се здобил со тешки повреди откако излетал од патот Струмица – Валандово со патничко моторно возило „фолксваген пасат“.

Во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот В.М. од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Исто така сообраќајна несреќа се случи на патот Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово.

МВР информира дека патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот М.Т. од Прилеп, во 16 часот и 40 минути излетало од патот, и за жал на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...