Тоа е двомесечно бебе кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 10:37

Двомесечно бебе од Битола ПОЗИТИВНО НА КОРОНАВИРУС

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Битола го доби најмалиот заразен жител со ковид-19, пренесува Сдк.мк!

Тоа е двомесечно бебе кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град.

Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид-19.

Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар.

Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста. Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколкумина деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми.

Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...