Двојазичните документи почнаа да циркулираат во институциите

Објавил: Узунов Бобан | 17 јануари, 2019 15:49

Двојазичноста конечно ја доби својата форма

Фото/Текст извор: ©магазин

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи веќе започна со имплементација на Законот за јазиците, во јавноста познат како Законот за двојазичност. Може да се каже дека ова е прва владина институција која во експресен рок почна со спроведувањето на Законoт за двојазичност, објавува официјален владин документ на македонски и на албански јазик.

Бујар Османи напиша дека ќе организира и Донатроска конференција за спроведување на законот за јазици што доволно говори за максимално широката употреба на албанскиот јазик во институциите


Османи на социјалната мрежа Фејсбук се пофали со официјален двојазичен документ од Секретаријатот за европски прашања, кој е под негова лична директива.

Двојазичниот документот со кој Османи јавно се пофали е покана-известување за организирање на Донаторска конференција за потребите од имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците во рамките на СЕП

Инаку, министерстерот за економија, Крешник Бектеши беше првиот министер од владата на Заев кој на албански јазик започнал прес-конференција за веќе вчера да ја постави и првата двојазична табла на Mинистерството за економија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.