-Власта употребува флоскули секојдневно што на некој начин ги омаловажуваат граѓаните, како што се изјавите дека расте стандардот, дека младите не си туку дека се враќаат, дека платите се зголемуваат, а ние не сме дошле ни до оние 500 евра. Мојот став е дека излезот од ова е или широка влада или предвремени избори, вели Даштевски.

Објавил: Весна Петровска | 24 јуни, 2019 21:56

ДЕБАКАЛ ВО ВЛАДАТА: ,Метлата‘‘ не ги исполни очекувањата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Експертот за политика Александар Даштевски, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека власта доживеала дебакл и потенцираше дека меѓународната заедница е најголем критичар на власта, затоа што не се испорачани резултати.

Експерт Александар Даштевски

-Во однос на реконструкцијата, метлата, нема врска ова со реконструкција затоа што ДУИ рече дека нема да дозволи смена на нивните министри и тоа се поврди, само се ротираа во други функции, вели Даштевски.

Тој објасни дека кога немаме резултати во делот на економијата, датумот тешко е се добие и во септември и во октомври.

-Власта употребува флоскули секојдневно што на некој начин ги омаловажуваат граѓаните, како што се изјавите дека расте стандардот, дека младите не си туку дека се враќаат, дека платите се зголемуваат, а ние не сме дошле ни до оние 500 евра. Мојот став е дека излезот од ова е или широка влада или предвремени избори, вели Даштевски.

Аналитичарот Сашо Клековски

И за Сител експертите Клековски и Божиновски  изјавија дека „Метлата“ во Влдата не ги исполнила очекувањата.

Одлуката на премиерот истовремено да биде и министер за финансии за експертската јавност е погрешен чекор.

Според нив, Заев се нашол во ситуација во која веројатно не можел да најде човек за оваа функција.

Аналитичар Владимир Божиновски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести