- Градот Скопје избра решенија за три летни сцени во Градскиот парк, но не може да направи затворен објект во паркот.

Објавил: Владо Марин | 14 септември, 2020 16:49

ДЕБАТА: ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Како работи индустријата за организација на настани во услови на пандемија, дали ќе биде исплатливо да се работи со 30 проценти исполнетост на затворените сали, како ќе се организираат настани во затворен простор во периодот што следи и дали е потребна државна помош на ивент индустријата, беа само дел од темите на кои разговараа учесниците на денешната дебата што ја организираше Асоцијацијата на ивент индустријата, кај Школката во Градскиот парк.

На дебатата присуствуваа претставници од неколку продукции – организатори на музички, спортски и други настани, Влатко Стефановски, Виктор Илиески, директорот на Националната филхармонија и Никола Наумоски, претставник од Град Скопје.

Учесниците споделија различни искуства од нивното работење од почетокот на пандемијата – за одржувањето концерти и спортски манифестации под посебни протоколи, се пожалија дека спонзорствата на нивните настани од големите компании се прекинати, дека организацијата на настани е финансиски неисплатлива и дека им е потребна помош од државата, дека протоколот за исполнетост на затворените сали треба да се зголеми од 30 на 50 проценти, дека е потребно итно да се најде простор каде што ќе може да се одржуваат вакви настани и друго.

Како работи индустријата за организација на настани во услови на пандемија, дали ќе биде исплатливо да се работи со 30 проценти исполнетост на затворените сали, како ќе се организираат настани во затворен простор во периодот што следи и дали е потребна државна помош на ивент индустријата, беа само дел од темите на кои разговараа учесниците на денешната дебата што ја организираше Асоцијацијата на ивент индустријата, кај Школката во Градскиот парк.

 Градот Скопје избра решенија за три летни сцени во Градскиот парк, но не може да направи затворен објект во паркот.

Одговорноста за изградба на инфраструктура за потребите на културата е на Министерството за култура, иако самата локална самоуправа е подобар менаџер на културата од Министерството.

Еве пример, градските културни институции од почетокот на пандемијата речиси и да не затворија – ќе ги споменам МКЦ, КИЦ и Универзална сала кои го реализираа проектот „Култура во време на корона“ со повеќе од 50 концерти и настапи на отворено, а работеа и другите наши институции.

Сега се поставува прашањето дали може да се изнајде начин да ги искористиме ресурсите во корист на граѓаните, да најдеме начин преку технологијата да стигнеме до што поширока публика, а притоа да ги заштитиме и граѓаните и уметниците. Кризата се одрази во сите бизниси, сега треба да издржиме што подолго и да ги послушаме советите на лекарите. Исто така, мора да се осврнеме и на неколкумина неодговорни кои несовесно организираа настани без да се почитуваат протоколите и ги загрозија граѓаните – рече денеска Наумоски.

Тој додаде дека Градот Скопје преку низа мерки и помогна на бизнис-заедницата, на пример преку намалување на фирмарината.

– За невработените учесници во „Култура во време на корона“ обезбедивме солидарен хонорар од 14.500 денари, за сите да добијат помош. Некои уметници, пак, не добија надомест зашто беа вработени, но се согласија да настапат. Овој проект чинеше околу 3 милиони денари и се исплаќаше авансно. Градот Скопје направи се што можеше да ги помогне уметниците – нагласи Наумоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести