Река повотно со неговата општо позната изјава, дека што се однесува д него тој би поапсил се диво и живо, Пендаровски нервзосен со цитати од „Груевизмот„, Слјановска смирена и со правни акти

Објавил: admin@magazin | 14 април, 2019 19:06

ДЕБАТА НА ТВ СИТЕЛ: Силјановска се сомнева во докторската титула на Пендаровски кој беше крајно нервозен?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професорката Гордана Силјановска-Давкова во  дебата на Сител телевизија учествуваше заедно со Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски и Блерим Река, а во повеќе наврати истакна дека таа лично, како и нејзиното семејство, биле мета на медиумско оцрнување за време на претседателската кампања.

Професорката Гордана Силјановска во претседателската дебата која се одржа во Сител телевизија, зборуваше дека економската дипломатија е врвен предизвик и голема дополнителна обврска за секој претседател. Давкова додаде дека доколку биде избрана како претседател на Република Македонија, планира да се здружи со исклучително искусни луѓе од економската област кои критички ќе ги анализираат економските процеси за подобрување на економијата и развојот во Република Македонија.

Давкова изјави дека како актуелен кандидат за претседател ветила дека првата средба ќе биде со претседателот на Стопанската комора на Македонија и со стопанствениците позитивни резултати мора да има. 

Во нејзините излагања на денешната дебата таа повеќе пати беше прекинувана од противкандидатот Пендаровски и во еден момент професорката му одговори, дека уште водител во телевизија Сител не бил во својата кариера, па само уште тоа му недостасува во неговата биографија.

Славица Арсова-Спасовка на денешната дебата не ги задоволи професионалните норми така на мометни се имаше впечаток дека на Пендаровски „не смееше да му каже дека не треба да влетува„ Дали имаше инструкции од претпоставените?

»Ве молам. Вработете го во Сител затоа што уште таа функција му недостасува во биографијата. Не може тој да ја води емисијата, посочи Силјановска Давкова.

Професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на телевизија Сител говореше за скандалозниот закон за селективна амнестија кој го донесе власта на СДСМ.

Потоа дебатата продолжи дека селективната амнестија е спротивна на Уставот и законите.

По повеќето коментари од страна на Пендаровски во дебатата професорката Гордана, го праша дали можеби Пендаровски има диплома со оглед на неговото непознавање на правото. Дебатата се одвиваше во потполно напната атмосфера од двата против кандидати.

Блерим Река го праша Пендаровски кој се жалеше дека биле мета на прислушкување, колку од тие 20000 прислушкувања имае епилог и расрешница, Пендаровски на ова кажа само дека Експремиерот бил добар пример ама им избегал

Силјановска го запраша Пендаровски дали и тој има докторат од право. Со закон за амнестија кој не важи не треба да се однесува на сите, туку треба да поднесуваат како за помилување заинтересираните.

Па вие не знаете што е закон за амнестија. Амнестијата во закон се однесува на сите што учествувале во еден настан или сите што се обвинети за едно дело. Не беше закон за амнестија туку се бараше точно уште слики да имаше од луѓето кои треба да бидат амнестирани. Заборавате на Уставот и на законите. Законот за амнестија од целата правна фела така како што се спроведуваше со барање, ги поднесуваа само оние кои требаа да ги поднесат. Па нема во амнестија сакање не сакање, запраша професорката Давкова.

Професорката Гордана Силјановска Давкова во дебатата на телевизија Сител, рече дека таа никогаш не правела разлика помеѓу луѓето врз етничка или верска припадност. Таа изјави дека дека секој свој митинг се обраќа со зборовите граѓани на Република Македонија и дека секогаш ќе се залага за заеднички соживот и мир.

На дебатата претседателскиот кандидат Блерим Река му рече на Стево Пендаровски дека во оваа држава може слободно да се казни полицаец ако зема мито, но не може да се казнат тие што земаат милиони евра на тендери. Тој го потсети Пендаровски дека во своето двегодишно владеење немаат затворено ниту еден криминалец.

Во емисијата со видео се вклучи и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој му постави прашање на Стево Пендаровски. Го праша дали тој како легалист, како поранешен припадник на министерството за внатрешни работи, како го коментира случајот „Поткуп“, дали видел и како го коментира тоа што Заев за Мирчо свињарникот бараше поткуп од едно евро за вицето и едно евро за цркавата.

Пендаровски му одговори дека поставеното прашање е необично и дека тој е легалист, и пред се сака да види што е напишано во судската пресуда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.