Дали жртвите во Џенова ја платија цената на организираниот криминал ако се знае дека девет мостови се срушија во Италија за пет години

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 13:01

Девет мостови се срушија во Италија за пет години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали жртвите во Џенова ја платија цената на организираниот криминал ако се знае дека девет мостови се срушија во Италија за пет години?

За разлика од досегашните катастрофи што ја погодиле Италија во изминативе години како земјотреси и поплави рушењето на мостот Моранди во Џенова не беше “божјо дело” иако првично имаше тврдења дека удрил гром во надвозникот пред да се сруши.

Повеќе од јасно е дека се работи за катастрофа што е резултат на човечка грешка.

Уште повеќе е јасно зошто јавноста гневно реагира и бара одговорност од службите.

Јавното обвинителство во Џенова отвори истрага за “несовесно насилно убиство и катастрофа” за инцидентот во кој загинаа 39 луѓе.

Многу Италијанци за катастрофата го обвинуваат организираниот криминал.

Планирањето на мостот Моранди почна во почетокот на 60-тите и автопатот чиј дел е надвозникот беше отворен во 1967 година.

Иако нема докази за криминални дејствија во неговата изградба Првата италијанска република [ 1948 – 1992 ] беше ноторно позната по вмешаноста на христијанските демократи со организираниот криминал во земјата.

Партијата добиваше гарантирани гласови и богати донатори во замена за доделување државни тендери и договори на криминалните групи.

Понекогаш цената на ова криминално здружување станува јасна дури децении подоцна.

Во изминативе пет години низ Италија се срушија вкупно девет мостови.

Познато е дека државните договори се еден од главните извори на пари за рани мафијашки групи во земјата.

Овие договори се од различни сектори од комунална служба до здравство и градежништво.

На ниво на целата земја мафијата е толку вплеткана во големите градежни проекти што во 2001 година тогашниот министер за инфраструктура Пјетро Лунарди ги шокираше Италијанците кога изјави дека “проблемите со мафијата секогаш постоеле и ќе постојат – треба да научиме да живееме со оваа реалност”.

Реалноста е дека овие договори честопати се мотив за убиства бидејќи луѓето кои ќе се спротистават или поставуваат многу прашања за наместените тендери се ликвидираат.

Антимафијашките организации честопати обвинуваат дека самите испектори честопати се изложени на закани или подмитување што значи дека проценките за безбедност не се објективни.

Ова е особено опасно во градежништвото каде поради ваквото добивање на тендери за градење јавна инфраструктура се користи “осиромашен цемент” што е поевтин но разликата во цената очигледно се плаќа во човечки животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...