Девица е светица, хороскопски знак и жена на која секој маж и е „втор“, а дефлорацијата е грешка бидејќи налетала на „погрешна личност“

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 февруари, 2020 11:20

Девици и оние што се ожениле со невини

Фото/Текст извор: ©магазин

Колумна е популарно четиво кое е авторско и поради тоа оној што ја пишува ја има слободата да биде субјективен, да дава критики, оценки и пред се да покаже став. Другите видови на новинарски текстови како што е веста на пример, имаат редундантно – информативен карактер и за нив важи принцип за објективност. Во моите колумни често знам да бидам субјективна, да изнесувам свои тврдења и заклучоци, но и да е водам од она што е популарно, познато на сите или изнесувам мислење кое го дели populis – народ.

Пред извесно време напишав колумна во која изнесов тврдење дека делувањето на поединци може да биде посмртоносно од корона вирус и дека ние воопшто не сме „среќници“ што кај нас нема корона вирус, бидејќи си имаме наши смртоносни дејствители. Како прототипови за квази интелектуалци, квази новинари и квази носители на правда ги наведов: Каракамишева, Латас и Катица Јанева. Со голема свесност за омиленоста на Каракамишева помеѓу македонските „тврдокорни патриоти“. Но никогаш не се водам од постулатот: „Трпај стоку док је у блату“. Лесно е да критикуваш некој што е омразен помеѓу народот, но храброст е да искритикуваш некој што е омилен, бидејќи автоматски стануваш и ти омразен лик од страна на бранителите на нивниот идол кој ти го критикуваш.

По изнесени мои ставови кои се засноваат на евиденција и лесно може да се докажат, се појавија низа фејсбук воини покажувајќи отворена омраза и гнев кон мене

Многу невини жени пролеале крв, ама не биле учеснички во сексуалната револуција.

Многу од коментарите беа дека јас не сум доволно паметна да ја оценувам Каракамишева, дека сум кучка, изрод, северџанка, но и неебана. Услов да оценувате некој дали и колку е паметен е да сте и самите вие паметни, услов да оценувате некој дали е глуп исто така е да сте и вие паметни. Јас сум дала суд за Тања, а вие давате суд за мене. Ако јас немам право да и судам на Тања, тогаш кои сте вие да ми судите мене? Вашите постапки автоматски го сведуваат на апсурд секое ваше тврдење. Дека сум северџанка е смешен заклучок извлечен од умовите на оние кои размислуваат биполарно, демек ако напаѓаш „ВМРОВЕЦ“ директно заклучувам дека си „СДСМОВЕЦ“. Мојот став околу промена на уставното име е многу јасен и беше јасен и во моментот кога се случуваше промената, а за тоа напишав колумна која верувам многумина од вас ја прочитале. Тоа дека сум кучка или изрод е веќе ствар што на перцепција, што на проекција. За некој сум срце, злато, за некој кучка, крава, овца, мачка, како и да е немам, не може да имам и не сакам да имам влијание врз вашиот начин на кој ме доживувате. За некој сум иритантна, за некој сум симпатична, не е моја работа каков впечаток ќе предизвикам кај вас.

Но тоа дека сум неебана е веќе сериозно тврдење кое е подложно на физичка евиденција

Ова терминологија што ја користат ботовите на Шарлатенко Неделковски укажува на неколку работи. Прво дека оние што тврдат дека сум неебана ги викам да ми држат фенер секогаш кога го правам

Не е се така како што изгледа. Невиноста е доживување за некој, а не факт и физичка појава.

тоа, па сега у последно време као затајавам. Второ, се страсни воајери што би сакале да дознаат дали го правам тоа и на кој начин. И трето ако спротивното од неебана е ебана, дали тогаш епитетот „ебана“ би бил позитивен? Вие што тврдите дека ја сум неебана и ми се потсмевате поради тоа, веројатно сте ебани и тоа го препорачувате како јака ствар? На девиците им се потсмеваме затоа што се девици и „неебани“, а судиме дали некоја е ороспија или не по тоа „колку често има сексуални односи“? Некој овдека е дебело скаран со логиката.  Како и да е знаеме дека сите сте влегле у брак невини, сте биле верни на своите сопрузи цел живот, сексот за вас е табу тема, чесни сте, поштени, блазе на тие што ве ожениле. Вие, пак што сте си земале девици, што ви биле верни цел живот, блажени сте исто така, за вас сите жени се ороспии, само вашата си е поштена. Се ни е тоа јасно.

Дека ќе продолжам да го искажувам своето мислење по секоја цена и тоа треба да е јасно

Суштината на моето постоење не е во тоа дали некому му се допаѓам. Славната изрека на Рене Декарт е „Мислам значи сум“ (Cogito ergo sum). Постојам затоа што мислам и тоа мислам со своја глава. Без разлика какво е моето мислење нема да се возрджам да го искажувам. Можете и на клада да ме спалите како средновековна вештерка, но е многу важно дали животот го завшруваш како индивидуа што има своја личност и која е спалена или како прашинка во толпата која спалува.

Повикајте на цензура, нема проблем и така живееме заглавени во некој друг век, имаме проблем со еволуција на свест, кај нас нешто тоа касни.

Автор: Стојмановиќ Магдалена  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...