Од Општина Центар наведоа дека со најголеми желби за побрзо оздравување, Богдановиќ и Ангелов, се дружеле и разговарале со дечињата.

Објавил: admin@magazin | 20 декември, 2018 19:45

Дедо Мраз им донесе новогодишни пакетчиња на дечињата на Клиниките за детски болести и за онкологија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со помош на Дедо Мраз од Тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје, кој со јаже се спушти по фасадата на Клиниката за детски болести.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, поделија новогодишни пакетчиња на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.

– Сакам да се заблагодарам на Амбасадата и амбасадорот Ангелов, кои веднаш излегоа во пресрет за оваа акција, со што ќе им ги развеселиме и разубавиме предновогодишните денови на овие деца. Ова е порака и до другите општини, јавни институции и општествено одговорни компании и тие да се приклучат на оваа акција, затоа што сите треба да помогнеме на овие деца, секој на свој начин,изјави Богдановиќ.

Амбасадорот Ангелов изјави „Дедо Мраз да помогне макар на едно дете оваа година, ќе биде добро“.

Со желби за брзо оздравување и најголем успех во животот на секое дете во светот, им посакува со најискрени желби тимот на МАГАЗИН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.