Се очекува во текот на денот тие да имаат средба во Министерството на која ќе се знае кои од овие предлози ќе бидат прифатени, а кои не. Средбата ќе се одржи он лајн.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 9:56

Дезинфекција на бидермаерот и лотарија на свадбите- угостителите со правилник за започнување на работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што вчера објави Сител телевизија, угостителите веќе имаат подготвено правилник по кој сметаат дека треба да функционраат во идина, по завршувањето на вонредната состојба во земјава.Имено тие имаат јасни и прецизни насоки за работа, а нивните предлози се веќе доставени до надлежните.

Се очекува во текот на денот тие да имаат средба во Министерството на која ќе се знае кои од овие предлози ќе бидат прифатени, а кои не. Средбата ќе се одржи он лајн.

Правилникот содржи предлози по кои треба да работат рестораните, кафулињата, хотелите, клубовите, дискотеките. Точно е наведено како треба да се примаат гостите, каде и како да седат, и каква заштитна опрема треба да носат и гостите и персоналот кои работи во објектот.

Задолжително дезинфицирање на рацете пред влез во објектот.

Персоналот постојано да носи заштитна опрема рацете да ги мијат на секои 30 минути или да ги менуваат ракавиците.

При земање на нарачка да се држи растојание од 1 метар.

Мобилните уреди да стојат на обележано место.

Во тоалетите да се забранат феновите за раце.

Во рестораните за свадби, бидермаерот на невестата да биде дезинфициран, а да се доделува по принципот лотарија со влечење на бројче.

Вратите, кваките, огледалата да се дезинфицираат на секои 30 минути.

Келнерите кога ќе имаат контакт со пари истите се обврзани да ги чуваат во новчаник кој ќе биде постојано дезинфициран, а при секоја наплата на сметка да ги мијат или со гел дезинфицираат рацете.

Ова се само дел од листата на предлози во правилникот од угостителите по кои сметаат дека треба да се работи. Но се уште е неизвесно кои од нив ќе бидат прифатени. Неофицијално Сител дознава дека поголем дел од нив листата е одобрена и надополнета со предлози од епидемиолози.

Угостителите велат дека со правилникот целосно ќе се промени традиционалниот начин на фунцкионирање и граѓаните и работниците во секторот ќе мора да се навикнат на промените. Очекуваат отворање на објектите веќе од следната недела, но и покрај тоа сметаат дека нема простор за одржување на матурските прослави.

Вчера и Министерот за економија Бектеши посочи дека за кратко ќе се утврди кога угостителите ќе можат да ги отворат вратите за гостите и како да работат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести