До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 26 февруари, 2020 15:08

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Фото/Текст извор: ©магазин

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“ испрати барање објавата да се тргне заедно со сликата од календарот. Откако му беше укажано дека се работи за материјал кој е јавен и лесно достапен и дека се работи за новинарска слобода да ги анализираме симболите на календарот, Владимир Мургоски се закани дека ќе преземе правни мерки поради омаловажување на неговата фирма. Сепак, основи за омаловажување на фирмата не постојат, постои само јавен материјал во форма на календар и автор кој е слободен да го анализира примениот материјал. Правна основа за тужба нема, бидејќи не сме конкурентна фирма и немаме никаков интерес за го омаловажиме неговиот бизнис за кој толку многу се вложува дури и со календари од полуголи жени. Според новинарските стандарди имаме должност да го објавиме демантот доколку тој ни биде претставен нам. По укажувањата дека неговото барање ќе го протолкуваме како демант, Владимир Мургоски ни даде писмено изречена дозвола да го објавиме демантот. 

Во својот демант господинот Мургоски истакна дека: 

  • Календарот е лажен, 
  • Објавата е лажна, 
  • Сме изнесувале свое мислење и не сме биле објективни, 
  • Луѓето во Македонија се лоши и не ги разбираат естетичките стандарди што се поврзани со неговата погребална дејност;
  • Дека таков календар е набавен на саем во Белград и пренесен тука од негова страна, 
  • Сите се восхитувале на календарот само некои лоши луѓе како нас сакале да ја сквернават неговата убавина,
  • Календарот е стар и тоа веќе не е актуелна тема затоа треба да се избрише. 

 

За издржаноста на демантот и психичката состојба на неговиот автор, драги читатели, проценете сами. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...

Христијан Мицкоски со експресен одговор на неговиот ФБ профил: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор

Машинеријата на лажни вести на власта обвинува: Мицкоски лапнал 1.6 милиони?

Еден македонски портал со шпекулација дека Мицкоски се сретнал со руските дипломати...