Забелешките ќе ги разгледуваат македонските и бугарските историчари на состанокот во Софија

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 9:59

Денеска во Бугарија ќе се решава какви измени ќе претрпат учебниците по историја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска и утре во Софија ќе се разговара за праисторијата, антиката и средниот век, односно за забелешките во учебниците од овие историски периоди.

Денеска во Бугарија ќе се одлучува за учебниците по историја, најпрво се започнува со промена на историјата од праисторијата и антиката

Забелешките ќе ги разгледуваат македонските и бугарските историчари на состанокот во Софија кои  ќе се обидат да најдат прифатливо решение за двете земји за овие историски периоди, кои би можело во финална форма да бидат усвоени на следниот состанок на почетокот на јуни, а потоа и да бидат дадени како препораки до двете влади.

Драги Ѓоргиев, директорот на Институтот за национална историја, кој го предводи македонскиот тим историчари во разговорите со бугарската страна во изјава за МИА вели дека денеска и утре ќе бидат разгледани забелешките што ние ги имаме во однос на бугарските учебници за петто и шестто одделение и забелешките што ги има бугарската страна за македонските учебници за шестто и седмо одделение за споменатите историски периоди.

-И во нашите и во бугарските учебници има рефлексија на 19-вековните и 20-вековните претстави на националните држави, кои се рефлектираат далеку во праисторијата, во антиката. Има национализација на одредени процеси во антиката, во средниот век, национализација во современа смисла од денешен аспект, давање на национален карактер на некои процеси кои се случувале пред 2000 години и повеќе. Идејата е да се избегне тоа за нешто што се случувало во далечното минато и да се тргнат навредливите теми, кои и едната и другата страна ги смета за навредливи и за несоодветни во учебниците по историја, со кои не треба да се воспитуваат идните генерации, изјави Ѓоргиев за МИА.

Во текот на разговорите историчарите и експертите од двете земји настојуваат сите забелешки да бидат надминати од еден академски и професионален аспект, колку што е можно да се избегне политиката.

-Настојуваме решенијата да биде од академски аспект, тој да биде што е можно повеќе застапен, неминовно политичката димензија во овие комисии е присутна, тоа не можеме да го негираме, но и двете страни настојуваат што повеќе одлуките што го носиме, препораките што ќе им ги дадеме до владите, сите усогласени текстови, евентуалните заеднички чествувања да бидат изградени на академски основи, без можност потоа од политички аспект да бидат напаѓани, па дури и урнати, и додаде дека во однос на ова постои апсолутна усогласеност од сите членови на Комисијата која е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 2 август 2017 година, вели Ѓоргиев за МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.