Повисоки температури деновиве

Објавил: Узунов Бобан | 13 март, 2019 7:00

Денеска времето сончево и потопло

Фото/Текст извор: ©магазин

Дневните температури ќе бидатво Скопје 11, Охрид, Крива Паланка и Битола 8, Маврово 2, Берово 7, Кавадарци 12 и Дојран 15 Целзиусови степени. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,додека во Маврово и на планинските премини Стража и Ѓавато има остатоци од кашест снег.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневните температуриќе бидат пониски – Скопје 7, Крива Паланка 4, Берово 2, Маврово 1, Охрид 5, Битола 6, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневните температури – од 8 до 20 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести