На седницата ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи по покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 10:28

Денеска Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за почеток на преговорите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска и офоцијално германскиот Бундестаг треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија.

Германскиот Бундестаг денеска ќе даде зелено светло за почеток на преговорите

На седницата ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи по покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле.

Османи вчера во Берлин оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристијан Петри од партијата СДП а разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите. Вицепремиерот Османи по средбата истакна дека добил охрабрувачка порака од Петри.

Нова, охрабрувачка порака денеска ми пренесе г. Петри, дека и од пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот каде што се наоѓа нашата точка и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври, изјави Османи по средбата со Петри, изразувајќи благодарност за поддршката.

ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

За почнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на следниот месец.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести