Пријатно време за престојниот викенд

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 6:57

Денеска дожд, викендот сончево и топло

Фото/Текст извор: ©магазин

Под влијание на нов и релативно влажен бран денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат нешто повеќе застапени во југозападните и источните делови на земјава. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. На 12.03.2019 започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 6, Прилеп 7, Кавадарци и Дојран 10, Крива Паланка 5, Берово 4…

Утре ќе преовладува сончево време, ќе има мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје, Кавадарци и Дојран 16, Крива Паланка 14, Берово 13, Битола 10, Охрид 6, Маврово 2…

За време на викендот нѐ очекува сончево и топло време со температури од 13 до 24 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести