Почнува празнувањето на големиот христијански празник Велгиден

Објавил: Узунов Бобан | 24 април, 2019 8:54

Денеска е Велика Среда-Последното претсмртно помазание на Исус

Фото/Текст извор: ©магазин

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. 

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16).

Последното претсмртно помазание на Господа

Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). 

Помазанијата на Господа Исуса Христа не смеат да се поистоветуваат, не треба да се спојуваат ни во едно, ни во две, бидејќи тие се три. Станува збор за три настани, кои меѓусебно се слични, но сепак имаат доволно разлики за да не се сметаат како еден настан. Различни се според: помажувачите, времето, местата, домаќините и начинот на помазувањето. Во Евангелието се спомнуваат три помазанија на Господа Исуса Христа со миро и тоа во различни места, од различни жени и во различни вечери.

Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за погребение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).

На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.

Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упокоените при погребувањето (види: Јован 19,39-40; Марко 16,1; Лука 24,1).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...