На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2021 7:27

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИЧЕТВРТОК: Јуда му се приближи на Исуса Христа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велики Четврток — ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е шестти ден од Страсната Седмица, односно пет дена по Лазаровата Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници.

На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Во Евангелието е запишано сè што станало на Велики Четврток. Започнува со Подготовката за Пасхалната вечера, позната како Тајна вечера на Господа Исуса Христа со апсотолите Првиот ден е денот пред главниот настан. Тој ден бил чет¬врток, затоа што јудејците во петок почнувале да ја јадат пасхата, а денот пред тоа го подготвувале пасхалното јагне. По Божја наредба Евреите секоја година колеле пасхално јагне во спомен и сеќавање на преминот (пасха=премин), излегувањето од еврејското ропство.

На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Во тој ден, учениците отишле да Го прашаат Христа каде сака да ја подготват и да ја јадат Пасхата. Според ова, видно е дека Господ Исус Христос немал сопствено живеалиште, а ни апостолите немале свои домови за да Го повикаат и да Го одведат на пасхалната вечера, но исто така, видно е и тоа дека Он и Неговите апостоли сакале да го испочитуваат Старозаветниот закон за Пасха, а веројатно тоа го правеле и претходните три години. Христос ги испратил апостолите Петар и Јован, да ја подготват Пасхалната вечера.

Преданието вели дека станува збор за куќата на евангелистот Јован Марко во Ерусалим. Можеби, токму заради одржувањето на Тајната вечер во тој дом, кога е востановена светата Евхаристија, подоцна токму „куќата на Марија, мајката на Јована, наречен Марко“ постанува првиот храм во Ерусалим каде што се собирале мнозина и се молеле, односно ја продолжувале светата тајна Евхаристија. Подготвката на Пасхалното јагне, односно, Пасхалната вечера била како што предвидува обредниот закон: со горчливи билки, со вино и сè што било потребно за обредот. Господ Исус Христос на оваа Пасхална вечера или Тајна вечера, зел најобични работи: леб, вино, чаша и чинија, и на сето му дал вечно значење како на човечкото тело што го зел врз себе. Сличноста меѓу Пасхалната и Тајната вечера се покажува во тоа што и едната и другата е премин од ропство во слобода: првата, од египетското ропство, а втората, од ропството на гревот; и едната и другата имаат жртви: првата, Пасхалното јагне, а втората, Господа Исуса Христа; и двете поставуваат заедница со Бога: учениците, во Пасхалната вечера претставувале знак за единството со Бога, а во Евхаристиската вечера сите учесници – сите приматели, претставуваат единство со Христа, избавување од гревот и премин од материјалниот во вечниот живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...