На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.
Празникот Водици се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.
Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.
Водици е празник над празниците и во резлични делви од Македонија се одбележува со многу интересни и неповторливи фолклористички обреди.
Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави кст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.