Голем христијански празник

Објавил: Узунов Бобан | 27 септември, 2019 9:40

Денеска е Крстовден, строг пост-еве што не треба да правите !

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска православната црква и верниците го прославуваат Крстовден, кој според учењето на црквата означува налагање на крст на кој е распнат Исус Христос. На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Крстот, според преданието, во 326 година го пронашла царица Елена, мајка на цар Константин, кога отишла во Палестина да посети свети места.

За време на војните крстот се загубил. а подоцна, кога повторно бил пронајден, негови делови земале верници со надеж дека имаат голема моќ, бидејќи тие биле направени од свето дрво.

На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Додека за многу други празници кои се одбележани со црвени букви важи дека не треба да го чистат домот и да работат други сличми работи, на Крстовден тоа е обратно.

На денешен ден е добро да ја средите куќата, буквално кажано, да ја подготвите за зимата која следува. Значи, една работа која на овој ден никако не смеете да ја направите е следнава – да не работите!

Во спротивно, доколку не работите, се верува дека цела година „се ќе ви тргне обратно од планираното“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести