Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.

Објавил: admin@magazin | 7 ноември, 2020 8:51

Денеска е Митровденска задушница- ден за помен и молитва за упокоените

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Православните верници денеска ќе го одбележат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите – Митровденска Задушница.

Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата.

Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

Во црквата на Евхаристијата се споменуваат и зборовите на Свети Јован Златоуст, еден од најголемите теолози во четвртиот век на христијанско проповедање:

Храната честопати се однесува на гробиштата, што не е црковно правило, туку е нов обичај во нашата нација.
Задушница деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота. Се печи леб со бело брашно, кои се нарекуваат „просфори“. Се подготвува ракија, пиво, вино, вода, а на некои места се вари и жито.

Се носат онолку свеќи колку што се споменуваат мртви. Во сите делови на земјава, свештениците по барање на блиските на покојникот го окадува гробот. Ако случајно е спречен свештеникот да дојде, тогаш некој присутен со тамјан го окадува гробот.

Задушница секогаш се паѓа во сабота, кога се организираат и богослужби посветени на покојникот, затоа што Христос го поминал денот пред Воскресението, кое секогаш се слави во недела!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.