Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Објавил: Владо Марин | 27 октомври, 2023 4:37

Денеска е Петковден, се празнува Света Петка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска е Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград.

Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години.

Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески.

Се исполни желбата на Тоше: Осветен манастирот Свето Преображение Господово во Крушево

Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен...