Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 10:18

Денеска е Света Марија Магдалена- На овој празник жените мора да одат во црква и да се помолат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се празнува Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос. Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици. Во текот на историјата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус, па дури и дека била проститутка.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетсиманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица.

Според четирите Евангелија, името на Марија Магдалена се разликува од другите жени кои го носат името Марија, бидејќи кон првото име стои и „Магдалена“ или „Магдалина“. Според ова, се смета дека таа потекнува од Магдала, град кој се наоѓа на западниот брег на Галилејското Море. Според Евангелието на Лука (Лука 8:2), името всушност и било додадено од страна на месните жители кои ја нарекувале Магдалена. На арамејски јазик, “Magdala” во превод значи „кула“ или нешто возвишено, големо или величествено.

Во Евангелието на Јован, исто така името „Марија“ е наведено најмалку два пати.Гностичките списи ги користат имињата МаријаМарија Магдалена или само Магдалина.

Марија Магдалена на грчки е Μαρία, кое обично се смета за латинска форма на Μαριὰμ (Mariam, Мариам). Мариам на хебрејски се преведува како „Сестра на Мојсеј“. Името станало многу популарно во времето на Исус поради можните владеачки врски со династиите на Хасмонеан и Херодиската династија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести