Според народното верување по денепниот датум денот се зголемува.  Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане апостол, Андреј бил ученик на Јован Крстител.

Објавил: Весна Петровска | 12 декември, 2022 20:15

Утре е Свети Андреј- жените да не ги прават овие работи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Православните верници утре го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол Свети апостол Андреј Првоповикан.

Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријан!

Свети Андреј(а) Првоповикан е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Според народното верување по денешниот датум денот се зголемува. Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане апостол, Андреј бил ученик на Јован Крстител.

Но според Евангелието на Јован, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол:

Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него.

Православните верници денеска го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол Свети апостол Андреј Првоповикан.

Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во своето верување во Исус Христос, го повикува и братот си Свети Петар. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, Грузија и Скитија поради кое се сметан за покровител на Романија и Русија. На Пелопонез во градот Патрас излечил многу болни и многу придобил за христијанската вера. Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на крст но не како Исус, туку во форма на буквата Х.

Два дена и две ноќи 70-годишниот Свети апостол Андреј се мачел пред да испушти душа.

Руската православна црква го почитува како свој основач. Исто така, се смета дека Свети Андреј ја основал црквата и во Византион, денешен Истанбул. Денеска, константинополските патриарси се сметаат за негови директни наследници. За време на владеењето на цар Константин I Велики неговото тело е пренесено од Патрас во Цариград и е поставено во црквата на Светите Апостоли. Подоцна главата му е пренесена во Рим каде што и денес со многу почести се чува во базиликата Св. Петар. Неговиот празник е на 13 декември.

Според народните верувања Свети Андреј се смета за заштитник на големите животни односно тој разговара со нив и тие му се покорни.

Денешниот празник се смета за тежок празник па домаќинките не треба да работат тешки работи. 

На денешниот ден не треба да се пегла, пере, усисува, ниту да се прави било што друго поврзано со облека.

Во некои делови не се штави кожа, ниту се прави било што со неа, а некаде пак, не се прави ништо со облеката – за да не се искине. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...