Верниците го поминуваат овој ден кога Крстителот беше убиен во молитва, воздржаност и строг пост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 10:43

Денеска е Св. Јован Отсечен : Не јадете храна со црвена боја- строг пост

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се празнува обезглавувањето на Свети Јован Крстител. Овој празник кај нас е познат и како есенски Свети Јован или Јован Крстител и е исклучително почитуван.

Смртта на Свети Јован се случила пред Велигден, односно во пресрет на Велигден. Сепак, чествувањето на 11 септември беше утврдена затоа што на тој ден беше осветена црквата што беше изградена на неговиот гроб во Севастија од страна на императорот Константин и царицата Јелена.

Верниците го поминуваат овој ден кога Крстителот беше убиен во молитва, воздржаност и строг пост. Овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи празници, кои се особено почитувани. Секоја работа, и надвор и внатре во куќата, се избегнува. На овој ден, целото семејство пости, а луѓето се собираат во храмовите на литургијата.

Според обичаите, се верува дека на овој ден ништо црвено не се јаде и пие, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован. Се верува и дека не треба да држите нож.

Се верува дека на овој празник, не треба да јадете ништо од чинија, или од послужавник, а верниците не се радуваат и не слават. Во некои области, децата не треба да јадат домати, праски, јаболка и што било друго црвено на овој ден.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така, како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Според фолклористот Марко Китевски, Св. Јован Крстител е значаен во народот и поради тоа што тој се поврзува со кумството и побратимството, бидејќи според народните преданија, кога светците ги делеле функциите, на Св. Јован му се паднале кумството и побратимството.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести