Овој ден, Спасовден е еден од десетте големи празници кои се посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден).Спасовден е секогаш е во четврток.

Објавил: admin@magazin | 25 мај, 2023 13:19

Денеска е Спасовден, еве кое овошје треба да го јадете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е голем христијански празник, македонската православна црква и нејзините верници го одбележуваат Спасовден.

Овој ден, Спасовден е еден од десетте големи празници кои се посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден).Спасовден е секогаш е во четврток.

Спасовден — христијански празник кој се слави 40 дена по Велигден. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Според народните обичаи, оние кои го празнуваат овој голем ден, Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Старите обичаи наложуваат на овој ден да не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година, а се верува и дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

Во претпладневните часови на Спасовден се оди на празничен излет во месноста Покладишќа, каде што сега е изграден мошне убав црковен храм „Св. Спас“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести