Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Објавил: admin@magazin | 31 март, 2022 18:48

Утре е 1 април – Светски ден на шегата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре е први април, денот на шегата. Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини.

Традиција е на овој ден да излажете некого, и да кажете по некоја шега.

Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril! “ a на италијански „Pesce d’aprile!“).

Најраната врска помеѓу Први април и шегата може да се најде во Кантербериските приказни на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на Први јануари како Нова Година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.

Претходници на Денот на шегата се римскиот фестивал Хиларија, кој се одржувал на 25 март и средновековниот Фестивал на шегата, кој се одржувал на 28 декември и уште е ден на кој се прават шеги низ земјите во кои се зборува шпанскиот јазикОбичајот да се прават добронамерни шеги на соседите е обичај прифатен низ целиот свет. Во Кантербериските приказни на Чосер (1932г), во Приказната за калуѓерката и свештеникот,пишува Syn March bigan thrittu days and two. После него, писателите помислиле дека тоа е грешка вопрепишување на ракописот и дека Чосер впрочем напишал, Syn March was gon.

Макар што пасусот оригинално значел 32 дена после март, т.е. 2 мај,годишнината од веридбата на кралот Ричард II за Ана од Бохемија, која се случила во 1381. Имено, во приказната на Чосер, лисицата (на 32 март, односно 1 април) го насамарила суетниот петел.

Обичај на овој ден кај нас е да се маскираме (фото вебОхрид ) …

Во средновековието, во голем дел од европските градови Нова година се прославувала на 25 март. Во некои области на Франција, Нова година била празник кој траел една недела и завршувал на 1 април. Некои писатели веруваат дека Денот на шегата дошол оттаму што оние кои славеле на 1 јануари им се исмевале на оние кои Нова година славеле на други датуми. Нова година почнала да се слави официјално на 1 јануари во средината на 16 век, со усвојувањето на Едиктот од Русијон во 1564.

Една од првите регистрирани првоаприлски шеги се случила во 1713 година, кога Џонатан Свифт, автор на Гуливеровите патувања, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе што дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.