Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2020 10:37

Денеска завршни зборови за случајот “Рекет”

Фото/Текст извор: ©Миа.мк

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

Бојан Јовановски е првообвинет за случајот Рекет за кој се чека завршница. Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е второобвинета, додека Зоран Милевски-Кичеец доби три години казна затвор, но беше пуштен во домашен притвор.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, (поранешна прва обвинителка на СЈО) која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на Специјалното обвинителство.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука). (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести