На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 септември, 2021 7:02

Денеска кај Пeндаровски седница на Советот за безбедност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска, 13 септември 2021 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Согласно протоколите за заштита од Ковид-19, од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани инсерти и фотографии од седницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести