Дали ќе остане во затворот во Шутка или ќе му биде одреден домашен притвор, според адвокатите на Ѓорѓиев ќе се знае денеска, откако Советот ќе одлучи по поднесената жалба.

Објавил: Мартин Попоски | 26 јануари, 2022 6:05

Денеска Кривичниот совет ќе одлучува за притворот на 22-годишниот Јордан Ѓорѓиев, дали ќе остане во затворот во Шутка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Кривичниот совет ќе одлучува за притворот на 22-годишниот Јордан Ѓорѓиев, кој ја прегази 24-годишната Викторија на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Дали ќе остане во затворот во Шутка или ќе му биде одреден домашен притвор, според адвокатите на Ѓорѓиев ќе се знае денеска, откако Советот ќе одлучи по поднесената жалба.

Од Кривичниот суд велат дека жалбата е се уште кај судија на претходна постапка, па откако ќе се усогласат техникалиите, во текот на денот или утре би требало да пристигне во Советот, па во рок од 48 часа ќе се одлучи по него.

Одлуката за 30 дена притвор е обжалена уште во саботата, а според адвокатот на Јордан Ѓорѓиев – Душко Јанковиќ не е во пракса да се одредува притвор за сообраќајни несреќи, дури и оние со смртен исход.

Според Јанковиќ, притисокот од јавноста влијаел судијата да ја донесе одлуката за притвор.

Жалбата е поднесена под основ дека 22-годишникот не може да влијае врз сведоците бидејќи сите веќе имаат дадено исказ, не може да побегне бидејќи пасошот му е истечен уште во септември, но и дека не може да го повтори делото, со тоа што ќе му биде одземена возачката.

Во четвртокот кај трговскиот центар „Сити мол“, 22 годишниот Јордан Ѓорѓиев беше зад воланот во возилото кое ја прегази 24-годишната Викторија, а таа го загуби животот на самото место!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.