И во Скопје и околината се очекуваат повремени врнежи од дожд, има услови и за нестабилност проследена со грмежи, особено попладне.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јуни, 2020 9:46

Денеска на повеќе места врнежи и грмежи, од четврток пораст на температурите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска нашата територија ќе се наоѓа под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која на повеќеместа ќе услови повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороеон дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Локално врнежите ќе бидат исто така ПОИНТЕНЗИВНИ (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

И во Скопје и околината се очекуваат повремени врнежи од дожд, има услови и за нестабилност проследена со грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Потоа во следните денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот, од четврток па натаму поради продор на топол воздух од југ ќе бележат тенденција на пораст.

Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...