Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Објавил: admin@magazin | 19 јануари, 2019 8:51

Денеска посебен сообраќаен режим за водици

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Сообраќајот ќе биде спроведен денеска за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од  завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје после 10 часот,за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кеј 13 Ноември“ до бул. „Кочо Рацин“.

Во Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. „Демир Трајко“ и лево по ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на Вардар.

А Од 10 часот во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.