Како што информираат од МВР, посебен режим ќе биде воведен во периодот од 18 до 23 часот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2019 10:07

Денеска посебен сообраќаен режим поради концертот на Здравко Чолиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска попладне ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот поради концертот на српскиот пејач Здравко Чолиќ кој ќе се одржи вечерва на стадионот „Тодор Проески“ со почеток од 21 часот.

Денеска ќе биде  воведен посебен режим во периодот од 18 до 23 часот, информираат од МВР.

Сообраќајниот режим ќе се состои од периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче.

Чолиќ бил претставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приѓеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издава полицијата.

Здравко Чолиќ е босанско српски поп-пејач, популарен ширум цела поранешна Југославија.

Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години.

Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...