Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2020 10:27

Денеска почнува рамазанскиот пост- ќе трае до 23 мај!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рамазан е  исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма).

Денеска почнува рамазанскиот пост, ќе трае до 23 мај. 

Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па сè до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на Сонцето, па сè до следниот фаџар (повик за молитва).

Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори. Размислување и имање секс во текот на постот исто така се забранети. Насилството, освен ако тоа навистина е потребно е забрането исто така (Коран 2:187). Една од најважните карактеристики на месецот е чистотата на мислата и активностите. Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до бога.

Единствено од постот може да бидат „оправдани“ старите, болните и безумните/лудите, иако првите две групи мора да дадат напор секојдневно да исхрануваат барем еден сиромашен верник. Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките. Сите ги надокнадуваат деновите во кои не постат отпосле. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќе пати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини. На крај, патниците се исклучени од обврската на постот, но исто како и другите, по нивното патување мора да надокнадат за пропуштените денови на пост.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Во дел од арапските држави постот е само во првите неколку дена во месецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.