Инаку влез во храмот ќе им биде дозволен на 500 луѓе, а паралелно на плоштадот „Султан Хамид“ ќе се одржи масовна петочна молитва.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 10:21

Денеска прва муслиманска молитва во Аја Софија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата муслиманска молитва ќе се одржи денеска во Аја Софија во Истанбул откако храмот повторно доби статус на џамија.

Од 1935 година, во време на градењето на новата турска држава на чело со Мустафа Кемал Ататурк, џамијата била претворена во музеј. Во текот на 1930-тите била извршена уште една реставрација, во која дел од исламските декорации биле отстранети за да се прикажат вредните христијански мозаици. Исто така биле отстранети и килимите од подот. Но, поради баланс помеѓу исламската и христијанската уметност, добар дел од исламската калиграфија и декорации биле оставени. На пример, на главната купола се претпоставува дека се наоѓа мозаик на Исус Седржател (ако не бил отстранет), но тој е покриен со исто така вредна исламска калиграфија. Речиси 500 години, таа служела како една од главните џамии во градот и послужила за модел на многу други отомански џамии, како на пример Ахмедовата џамија, Шехзаде, Руштем-пашината, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али-паша. Секоја година, музејот Аја Софија го посетуваат над еден милион туристи. Често пати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет.

Молитвата ќе се одржува во внатрешноста а храмот, а за време на службата христијанските обележја во Аја Софија, ќе бидат покриени со платна.

Инаку влез во храмот ќе им биде дозволен на 500 луѓе, а паралелно на плоштадот „Султан Хамид“ ќе се одржи масовна петочна молитва.

Инаку на почетокот на месецов, државниот совет на Турција (повисок управен суд)  официјално го поништи решението од 1934 година за претворање на Аја Софија во Истанбул во музеј.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека неговата земја има право да го промени статусот на парламентот, без да се земат предвид мислењата на другите земји.

Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.