Двете партии имаат различно мслење и ставови за работатат на СЈО, и во однос на иднината на истото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 10:16

Денеска СДСМ и ВМРО ќе ја решаваат иднината на СЈО

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владеачката партија СДСМ и опозициската ВМРО, денеска треба да одлучат за иднината на СЈО. 

Двете партии имаат различно мслење и ставови за работата на СЈО, и во однос на иднината на истото.

Пред извесно време лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е против Катица Јанева, односно таа за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека пак лидерот на СДСМ и актуелен премиер на државата, Зоран Заев истакна дека Јанева ја има целосната поддршка од нив.

Работната група на СДСМ ќе ја сочинува Рената Дескоска и Оливер Ристоски, додека од ВМРО претставник ќе биде адвокатот Тони Менкиновски.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и на другите рефорски закони.

Со оглед на обемот на работата на ова јавно обвинителство и придонесот на истражителите и јавнообвинителската служба, беше одлучено дека се потребни 10 јавни обвинители кои ќе ѝ помагаат на Специјалната јавна обвинителка во нејзината работа.

Инаку Специјалното јавно обвинителство е формирано со усвојување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Собранието на Република Македонија и изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавните обвинители на Република Македонија на 15.09.2015 година. Законот за формирање на Специјалното јавно обвинителство беше изгласан со поддршка од 111 пратеници од вкупно присутните 114, без ниту еден глас против, а во Советот на јавните обвинители обвинителката Јанева беше едногласно избрана за оваа функција. Во материјално-правна смисла, Специјалното јавно обвинителство беше комплетирано со изборот на 12 обвинители од страна на истиот орган на 14-ти октомври и на 4-ти ноември 2015 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.