Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 август, 2019 15:13

Денеска се празнува Свети Пантелејмон: Секое работење на овој ден е благословено!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е голем христијански празник. На овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон.

Именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо…

Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во 303 година.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, во петок е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.
Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.

Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците – христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.” Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце – и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Исус Христос, и болчниот бил излекуван. Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Пантелејмон го дал на измачување.

Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во христијанската вера; тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, Максимијан наредил да му ја отсечат главата. Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечови се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.

Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир на Света Гора.

Свети Пантелејмон се повикува во молитвите за водоосветување и елеоосветување, заедно со св. Ермолај у другите бесребреници и чудотворци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.