Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината.
Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.