Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 октомври, 2019 9:23

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натпросечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.
Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет.

Позначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...