Предлогот на премиерот Зоран Заев за новите министри од најавената влдина реконструкција треба до крајот на неделата да бидат доставени до Собранието, а предлогот да биде усвоен во наредната седмица.

Објавил: Весна Петровска | 21 јуни, 2019 9:41

Денеска ќе игра метлата во Владата – кој ќе биде исчистен?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран Заев по долго најавуваната реконтрукција во Владата, денеска ќе почне со реализација. Новите имиња за министрите до крајот на неделата. по нив и на променетите директори.

Предлогот на премиерот Зоран Заев за новите министри од најавената влдина реконструкција треба до крајот на неделата да бидат доставени до Собранието, а предлогот да биде усвоен во наредната седмица.

Денеска ќе има нова реконструкција во Владата

Премиерот Заев завчера најави дека планира до денеска да ги достави предлозите за реконструкција на Владата, а дека Парламентот планира седница на почетокот на идната недела.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа, вчера соопшти дека предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела и дека во меѓувреме, премиерот ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

– Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа.

По изгласувањето во Парламентот, премиерот најави дека продолжуваат со промената на директорските места и да завршат со кадровските промени.

-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев кој посочи дека промените се неопходни.

За потсетување, Зоран Заев изјави дека по завршувањето на претседателските избори ќе има промени за да се отстранат слабостите во извршната власт, почнувајќи од Владата, заменици-министри, државни секретари, по вертикала во државните институции, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, но и во СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.