Постои можност да биде донесена одлука за целосно прекинување на полицискиот час, но задолжително граѓаните да носат заштитна опрема,  односно заштитина маска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 11:41

Денеска ќе се одлучува за евентуално враќање на полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Комисијата за заразни болести  ќе одржи состанок и ќе донесе одлука за евентуално враќање на полицискиот час во државата.

Постои можност да биде донесена одлука за целосно прекинување на полицискиот час, но задолжително граѓаните да носат заштитна опрема,  односно заштитина маска.Држење растојание од два метри и негрупирање, со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19 се мерките донесени од самиот почеток на епидемијата во земјава. По одлуката на Комисијата ќе биде поднесен предлог до Владата, којашто ќе ја донесе конечната одлука.

Размислувањето за воведување на нови рестриктивни мерки е поради големиот број на заболени регистрирани од минатата недела.

Изминатиов викенд кој воедно беше и продолжен викенд, жителите на сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде беа регистрирани најголем број позитивни случаи на коронавирус, да бидат ставени во целосен карантин од петокот до изутрината до 5:00 часот. Останатите градови беа под  полициски час што започнуваше во 16 часот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести