Денот на жената почна како политички настан но денес стана нешто сосема друго. Ден кога жената се слави како мајка, сопруга, сестра!

Објавил: admin@magazin | 8 март, 2022 5:47

Денес е 8-ми март денот на жената: Одберете подарок за саканата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Oд политички настани и синоними за успешна борба на жените за рамноправност, 8-ми март денес стана датум на кој се слави жената како мајка, сопруга, сестра, пријателка…

Идејата за одбележување на Денот на жените се појави прв пат во почетокот на 20 век во периодот на индустријализацијата.

Жените вработени во индустријата за облека и текстил јавно демонстрираа на 8-ми март 1857 година во Њујорк.

Барале подобри услови за работа и поголеми плати. Нивниот протест е задушен, но поттикнал формирање на првиот женски синдикат.

Цвеќето е внимание на љубов и почит

Демонстрацииите се продолжени во следните години, а најмасовни биле во 1908 година во Њујорк марширале 15 000 жени.

Барале кратко работно време, подобри плати и право на глас. 

Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала.

Празникот е востановен на предлог на германската политичарка и борец на човекови права Клара Цеткин.

Следната година празникот го обележале милион луѓе во Автсрија, Данска, Германија и Швајцарија .Во Србија првата прослава е одржана во Белград во 1914 година.

На заложбите на Александра Колеонте, Ленин 8-ми март го прогласил за државен празик во 1917 година.

Од 1965 година Денот на жените е неработен во Русија.

Во 30-тите години западните земји речиси престанале да го одбележуваат 8 ми март, дел од нив поради поврзувањата со комунизмот, а во 60-тите прославата на Денот на жените е обновена!

Воведени се права на породилно боледување, ограничување на работата на жените во ноќни смени, платежна рамноправност, право на глас…

Нов Зеланд прв во историјата на жените им даде право на глас во1893 година , Југославија тоа го направи 57 години подоцна.

Денот на жената почна како политички настан но денес стана нешто сосема друго. Ден кога жената се слави како мајка, сопруга, сестра.

Во некои земји, пред се, на Блискиот исток, борбата на жената за рамноправност и понатаму трае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.