За купување компјутер и ИТ-опрема, повратот на ДДВ изнесува 5%. Позначително е ослободувањето за македонски производи, односно можноста за поврат на 18% ДДВ.

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 10:11

Денес започнува „Викенд без ДДВ“ и ќе трае три дена

Фото/Текст извор: ©dw.com

 

Под строги протоколи и со бројни реклами за попусти стартува тридневниот продолжен „Викенд без ДДВ“.

Долгонајавуваниот проект како дел од пакетот антикризни мерки ќе важи заклучно со понеделник, 12 октомври. Дотогаш граѓаните имаат можност да пазарат поевтино, односно со ослободување од данокот на додадена вредност. 

„Го чекав викендот за да купам компјутер. Повратот можеби не е голем, но 5% сепак не се за фрлање“, коментира Душко Д., кој поволноста планира да ја искористи за да го реши проблемот со онлајн наставата за своето дете.

Бенефитот сепак нема да биде за сите, односно можноста да искористат ќе ја имаат само граѓаните кои скенираат фискални сметки, односно ја имаат апликацијата „Мој ДДВ“. Според проценките, станува збор за околу 350.000 корисници.

За купување компјутер и ИТ-опрема, повратот на ДДВ изнесува 5%. Позначително е ослободувањето за македонски производи, односно можноста за поврат на 18% ДДВ.

„Ќе беше подобро да важеше за се’. Разбирам дека со ова се помага и домашната индустрија која е на удар од кризава со пандемијата, но вака малку е ограничувачки“, коментира Душко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...