Најново метео

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 октомври, 2021 7:10

ДЕНЕС И УТРЕ СТУД, ДОЖД И СНЕГ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина и од над 20 сантиметри.

Денес повремено снег ќе врне и на повисоките места и тоа особено на запад и на север, а снежната граница локално има услови да се спушти дури и под 1000 м.н.в. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и со засилен на интензитет. Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека денес на околните планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 9 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален слаб краткотраен дожд. Особено во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Сепак температурите ќе бидат повисоки за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...