Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 9:23

Денес Македонија мрзне- од утре пролетни температури

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано утринава речиси во целата држава беа измерени температури под нулата. Најстудено е во Берово каде беа измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени.

Минусни температури во цела Македонија. Најстудено е во Берово каде се измерени – 13 степени.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени.

Утре не очекува стабилно време. Воглавно ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од -9°C до -1°C
а дневната од 5°С до 13°C.

Во среда не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минимална температура ќе биде од -7°C до 2°C а максималната температура 4°C до 12°C.

Во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за утринска магла по одделни котлини. Минимална температура: -9°C до 0°C, Максимална температура: 3°C до 11°C.

 
 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...