Знамето на Република Македонија со интонирање на македонската химна пред малку се развиори пред седиштето на НАТО со и со тоа нашата земја стана 30 членка на Алијансата.

Објавил: Перо Милчин | 30 март, 2020 15:38

ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА: Македонското знаме со химната се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО пред малку беше подигнато македонското знаме откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата.

Знамето на Република Македонија со интонирање на македонската химна пред малку се развиори пред седиштето на НАТО со и со тоа нашата земја стана 30 членка на Алијансата. 

„Во последните три години донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Еве ја и наградата. Држава која ќе остане искрен и добар сосед, сојузник на кој секогаш ќе можат да сметаат. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО – истакна Спасовски.

На свечената церемонија исто така се обрати генералниот секретар Јенс Столтенберг кој и посака добредојде во Алијансата на нашата земја.  

„Денеска сме тука собрани за да и посакаме добредојде на Македонија во НАТО со подигнување на знамето. Земјата стана симбол на нашата солидарност. Ова е историски момент за НАТО и Македонија, доаѓа после долга посветеност и заложба за реформите. Македонија и Грција постигнаа компромис со името.

Договорот од Преспа го овозможи пристапот во НАТО, и придонесе за добрососедски односи. Вашата напорна работа го овозможи денешниот член. Важен е пристапот во НАТО на земјата и за доброто за меѓународниот мир. Да ја поздравам и одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија“, рече Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести