Рашковски е Доц. д-р  роден во Струмица во 1984 година, каде што завршил основно образование и природо-научна гимназија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 април, 2019 11:35

Денес на мекици во Влада: Рашковски доби ќерка на својот 35-ти роденден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски беше ден полн изненадувања. Имено тој вчера го прославваше својот 35-ти роденден а неговата сопруга му го подари најубавиот подарок.

Драги Рашковски вчера стана татко по втор пат. Неговата ќерќичка Миа се роди во ист ден со Драги.

Инаку вчера Вероника, сопругата на Драги го роди нивното второ дете, ќерќичката Миа, и токму на својот роденден тој по втор пат стана татко.

Поубав Поклон не може ни да се добие. Денеска ни се роди Миа. Нашата ќерќичка,нашата принцеза. Од оваа година роденденот има друго значење, напиша Рашковски на својот профил.

Инаку Рашковски е Доц. д-р  роден во Струмица во 1984 година, каде што завршил основно образование и природо-научна гимназија. Во 2007 година завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На „Јустинијан Први“ се стекнал со највисоки оценки  и со три магистратури од областите на граѓанското материјално и граѓанското процесно право,  казненото право и криминалистика, право на интелектуална сопственост.

Рашковски е познат иноватор кој јавноста го запозна по неговиот дамнешен патент за електронска гласачка кабина, како и за концептот за полуелектронски попис. 

„Мојата крајна цел е создавање дигитална држава. Ако државата е домаќинството и се организирате како дома зошто да не си ги средите приоритетите во државата, а тоа многу едноставно може да се спроведе преку технологијата“, изјави Рашковски по назначувањето на Генерален секретар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.