Дудуш, најави пријава поради објавената аудио-снимка од нашиот медиум „Лидер“, на која се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јуни, 2019 19:17

ДЕНЕС НОВА АУДИО БОМБА: Курто Дудуш тепа граѓанин во својата канцеларија!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Откако утринава градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, се закани дека ќе ја тужи редакцијата на „Економски Лидер“ – повторно ги контактираше свиркачот кој вчера до Економски Лидер ја достави аудио снимката на која се слуша како Дудуш киднапира, тепа и се заканува на човек во неговата канцеларија.

Свиркачот, кој е вработен во општината и вели дека повеќе не може да го трпи однесувањето на градоначалникот, ја даде целата снимка на Лидер од 18 минути од кое е извадено 2 минутното парче кое го објавивме вчера.

-Насилникот тепа, а вели дека вас ќе ве тужел. Обвинува дека било монтирано, а јасно се гледа дека тепал. Тргнати беа само деловите во кои има и други луѓе, некои му помагаат во тепањето, а некои го одвраќаат. Еве ви го цело видео. Вели дека ќе тужел и кажува дека тепаниот е осуденик, а тој го избра да му биде најблизок соработник. Сега го тепа. Кој е Куцо да тепа? Полиција? Суд? Еве ви го целото видео. Нека видат сите каков човек е! – вели свиркачот.

Полицијата го испитува случајот со објавената снимка за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Тие потврдуваат дека се истражува дали Дудуш навистина киднапира и во канцеларија навредува и тепа извесен Сенат Јашар бидејќи претходно го опцул како што се слуша „на сред Центар“.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, за кој вчера „Економски Лидер“ објави аудио снимка на која се слуша како киднапира и физички малтретира човек, утринава се јави со реакција и закани кон „Лидер“ и главниот уредник на нашиот медиум, Љупчо Златев.

Дудуш, најави пријава поради објавената аудио-снимка од нашиот медиум „Лидер“, на која се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината.
Градоначалникот на Шуто Оризари во изјава за Фокус тврди дека станува збор за монтирана снинка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед. Но не го негира тепањето кое му го удрил на Седат.

-По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај! – вели Дудуш за Фокус.

Тој додава дека ова се случува во ист ден кога во општината било отворено полициско одделение за прв пат после 30 години.
Симптоматично е што Дудуш ја обвинува нашата редакција за соработка со извесниот Сенат Јашар, кој ние ниту го познаваме, ниту ни ја доставил снимката. Во исто време, тој овој човек го обвинува дека е криминалец, а до со скоро му беше соработник.

Во самата снимка, Дудуш на лишениот од слобода му се заканува со полициска местенка.
Вчера, свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“ достави аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до нашата редакција.

Понатаму во аудиото, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.
Насилството и лишувањето од слобода, се сериозни кривични дела од висок јавен интерес, ова е главната причина поради која редакцијата на „Лидер“ одлучи да ја објави аудио снимката, која не знаеме на каков начин е прибавена.

-Треба да земам безбол палка и да ти ги искршам ребрата. – додека тепа вели Курто Дудуш во аудиото.

Новата снимката можете да ја погледнете на оваа страница: https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/354438425193957/

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен а е од јавен интетес. *Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето и содржината кога тој е снимен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.