Владата пак не задолжи, овој пат на аккциски број за задолжување за 32 милиони евра, повлечени се 45 милиони, што е незаконски, без објаснување каде се 13 милиони евра

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 12:20

Денес ново задолжување од 45 милиони евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да ги  задолжува граѓаните и на домашниот пазар.

Министерството за финансии денеска одржа аукција на хартии од вредност со која планираше да повлече нови 1,95 милијарди денари односно околу 32 милиони евра, но на аукцијата беше повлечена драстично поголема сума.

Денеска беа продадени државни овбрзници и записи во вредност од 2.770.000.000 денари односно 45 милиони евра.

Претходно беше најавено дека владата ќе повлече 1.95 милијарди денари односно околу 32 милиони евра.

Интересното во случајов е што за прв пат во проспектот и известувањето бројот на аукцијата и ISIN кодот на 12 месечната обврзница се идентични меѓутоа е променета сумата која ја побарува Министерството за финансии.

Така вредноста на записот е променета од 1.600.000.000 денари на 2.420.000.000, што е разлика од 820 милиони денари односно околу 13.5 милиони евра.

Министерството за финансии пред десетина дена одржа аукција на хартии од вредност со која повлече 3.5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра.

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48.8% од БДП, што претставува зголемување за 0.6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 33.0% на 33.4% од БДП), при раст и на внатрешниот долг (од 15.2% на 15.4% од БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0.3 п.п. и 0.2 п.п. од БДП, соодветно. – соопштија од НБРМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...